Јавен повик за еднократна парична помош за новороденчиња

Општина Василево доделува еднократна парична помош на физички лица кои што се жители на општина  Василево а имаат новороденче кое е родено во 2025 година (од 01.01.2025 го 31.12.2025 година) во висина од 5 000 денари.

Опшитна Василево ги поканува родителите кои што се жители на општина Василево и ги исполнуваат условите да поднесат Барање до архивата на општина Василево.

Во прилог на Барањето треба да се достават следниве документи:
-Фотокопија на важечки документи за идентификација (лична карта/пасош) на двајцата родители;
– Копија од Трансакциона сметка на барателот;
– Копија од извод од матичната книга на родените за новороденчето;

Дополнителни документи за самохран родител:
Копија од извод од матичната книга на умрените;
Копија од правосилна судска пресуда за разведен брак;

Барањата можат да се поднесат секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот во Архивата на Општина Василево.

Јавен повик за еднократна парична помош за новороденчиња

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail