Раководството на ФК „Единство“ од Пиперево и општина Василево спроведоа заеднички активности за подготовка на теренот на големото фудбалско игралиште во Пиперево.
Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, споделувајќи ја информацијата за овие активности преку својот ФБ профил, најави реконструкција на соблекувалните со финансиски средства обезбедени од општината: „Теренот на големото фудбалско игралиште во Пиперево, се подготвува за натпреварите од Општинската лига. По барање на управата на ФК Единство, Општина Василево обезбеди механизација за рамнење на теренот. Дополнително, ќе обезбедиме и средства за реконструкција на соблекувалната на ова фудбалско игралиште. Пиперево наскоро ќе биде дел од реализацијата на крупни капитални инвестиции – чекор по чекор, градиме подобри услови за нашите граѓани“ стои во ФБ објавата на градоначалникот Андонов, https://www.facebook.com/vasilevo24, дополнета со фотографии од спроведената активност.
ФК Единство од Пиперево, после поголема пауза, од оваа сезона се враќа на теренот и се натпреварува во рамки на Општинска фудбалска лига – Струмица.
Општина Василево го уредувааше фудбалскиот терен во Пиперево


