Денес во општина Василево беше техничкиот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски кој на одвоена средба со градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, разговараше за состојбата во земјоделството и моменталните проблеми во откупот со доматите.
По средбата и разговорите со Градоначалникотг,   Трипуновски одржа работна средба и со откупувачите на која по соочување на аргументите  и разгледување на објективната состојба во делот на откупот на доматите,  беше договорено гарантираната откупна цена за  доматите да не биде пониска од 30 денари закилограм за  црвените и 35 за розевите домати.  Како што се договорија двете страни,  доматите по оваа цена ќе се  откупуваат до крајот на оваа недела, по што  е најавена нова средба за анализа на состојбите и интервенирање доколку е потребно, а се  во интерес на сите кои  се дел од агросекторот.
Министерот Трипуновски нагласи дека ваквиот партнерски однос ќе биде начин на решавање на проблемите и подобрување на состојбата во земјоделието.

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail