230 136 346 денари изнесува Буџетот на општина Василево за 2025 година

Вкупниот Буџет на општина Василево за 2025 година, донесен  на последната седница на општинскиот Совет изнесува 230 136 346 денари и е најголем од постоењето на општина Василево до денес.
Согласно структурата, даночните приходи се планирани во износ од 24 761 000 денари, неданочните во износ од   13 478 500 денари, капиталните 13 013 402 денари, приходите од трансфери 58 375 598 денари, приходите од дотации во износ од 120 507 846, додека во ставката донации, за 2025 година општина Василево нема предвидени средства. Истиот е донесен едногласно од страна на сите советници, за што благодарност преку својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, изрази градоначалникот на општина Василево Славе Андонов: „Благодарност до Советниците за донесувањето на Буџетот и нивните усогласени ставови со надеж дека и во иднина, за доброто на сите граѓани на општината, Советниците независно од нивната партиска припадност ќе работат сложно и конструктивно во интерес на народот. Најавувајќи брз развој на општина Василево а во  контекст на донесувањето на Буџетот, во изјавата на градоначалникот стои:  „Во услови каде што имаме долгови во касата, новиот буџет на Општина Василево е во функција на граѓаните и со голем број на капитални инвестиции. Новиот буџет предвидува подеднаков развој на општината без заборавени населени места. Со Буџетот за 2025 година имаме историски највисок процент на средства одвоени за реализација на капитални проекти во последните години. Повторно носиме буџет исклучиво во интерес на нашите граѓани и наменет за проекти кои ќе го подобрат секојдневието во Општина Василево. Со средствата раководиме рационално, домаќински, отчетно и транспарентно и така ќе продолжиме и во следната година. Следува брз развој на општина Василево.
На седницата, последна во претходната година усвоени беа сите точки од обемниот дневен ред меѓу кои и Одлуката за извршување на Буџетот на општина Василево за 2025 година, Буџетскиот календар за 2025 година, Одлуката  за давање на трајно користење на објект „Весели насмевки“ во населено место Ангелци  на ЈОУДГ„Прва радост“, Василево и други прддлоззи, одлуки и програми во функција на непречено работење на општината и нејзините институции и установи.

 

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail