Author Archives: opstinaadmin

Покана за трета форумска сесија за Проектниот форум на општина Василево

Во вторник, на 17.12.2024 година, со почеток во 17,00 часот во малата сала на мотелот Мис Стон, општина Василево ќе ја одржи третата форумска сесија од Проектниот форум.
На сесијата ќе се работи по следниот дневен ред:
– Преглед на претходната сесија и работа меѓу сесиите;
– Презентација на критериуми за проекти;
–  Презентација на предлог проектот (1) – „Училишни дворови по мерка на учениците“ – Дискусија (коментари, предлози и препораки);
Презентација на предлог проектот (2) – „Сите ја одржуваме животната средина чиста“ – Дискусија (коментари, предлози и препораки);
Презентација на предлог проектот (3) – „Набавка на возило за собирање смет“ – Дискусија (коментари, предлози и препораки);
На сесијата ќе биде одреден и терминот за следната,  четврта, форумска сесија на која граѓаните ќе гласаат за избор на проект кој ќе биде реализиран со обезбедените средства кои изнесуваат 50 000 американски долари.
Општина Василево ги поканува своите граѓани да земат учество во работата на форумот и на тој начин најдиректно да се вклучат во  одлучувањето за најприоритетните прашања во општината.
Проектиот форум е во рамки на Програмата „Зајакнување на општинските совети – фаза 2“  која ја финансира Швајцарската влада и Министерството за локална самоуправа, а ја кофинансира и спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во соработка со национални и локални партнери.

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail

Свечена седница на Советот на општина Василево

На 16.12.2024 година (понеделник), со почеток во 13,00 часот,  во домот на културата во Василево, Советот на општина Василево ќе одржи свечена седница. За работа на седницата предложен е следниот дневен ред:

  1. Отварање на свечената седница на Советот на општина Василево
  2. Обраќање на Претседателот на Советот на општина Василево
  3. Обраќање на Градоначалникот на општина Василево

Дневен ред

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail

Заврши првата фаза од реконструкцијата на филтер станицата во Добршинци

„Заврши првата фаза од реконструкцијата на филтер станицата во Добрашинци: За прв пат, откако постои оваа филтер станица, се врши реконструкција на истата. Навистина сум среќен, што почнуваме да решаваме децениски проблем. Ветувањата кон граѓаните се реализираат“, напиша на својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, градоначалникот на општина Василево Слаев Андонов, во врска со активностите од проектот Реконструкција на филтер станица Добрашинци – набавка, инсталација и монтажа на опрема.
Според техничката спецификација од јавно објавениот тендер, реконструкцијата на оваа филтер станица опфаќа набавка, инсталација и монтажа на  автоматски самочистечки филтер, апаратура за анализа на матноста на водата (процесен турбидиметар) и апаратура за анализа на PH водата, односно Процесен PH метар за анализа на PH на вода.
Согласно Договорот со компанијата изведувач на работите, вкупниот буџет изнесува 2 985 630 денари од кои 2 000 000 денари се обезбедени од Министерството за животна средина и просторно планирање преку Програмата за за управување со водите за 2024 година и околу 1 0000 000 денари од сопствените  извори на приходи на општина Василево.

 

 

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail

Седниците на Советот на општина Василево ќе се емитуваат во живо

„За прв пат седниците на Советот на општина Василево ќе се пренесуваат во живо. Општина Василево доби донација од УНДП, опрема за озвучување и снимање на салата на Советот на Општина Василево. Опремата се состои од: камери, микрофони, звучници, компјутер, миксета и др. во рамки на проектот ” Зајакнување на општинските совети”. Со оваа опрема ќе се овозможи пренесување на седниците на Советот во живо. Општина Василево неколку години по ред е една од најтранспарентните општини во Југоисточниот регион. Во таа насока е и поставувањето на опремата за озвучување и снимање на Советот“, “, напиша на својот Фб профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, најавувајќи им на граѓаните дека веќе од следната Седница на Советот наопштина Василево, која е во подготовка, граѓаните ќе можат директно од удобноста на својот дом во живо да ги следат Седниците и на најтранспарентен начин да се запознаат со работата на Советот и да се информираат за сите акти кои Советниците ги носат. Седниците ќе бидат пренесувани преку општински You tube канал.
Целокупната опрема е во функција на подобрување на отчетноста, транспарентноста и учеството на граѓаните во работата на општинските совети и истата е обезбедена во рамки на проектот „Зајакнување  на општинските совети – Фаза 2“.
Целта на проектот е да ја зголеми транспарентноста и отчетноста на локалната власт преку поддржување на општинските совети при вршење на нивната функција и истиот е партнерски проект на Швајцарската агенција за развој и соработка, Министерството за локална самоуправа и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail

Изградба на бетонски патеки во гробиштата во с. Василево

Општина Василево,  деновиве во населеното место Василево, врши  градежни активности на изградба на бетонски патеки во селските гробишта.
Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов,споделувајќи ја информацијата за оваа тековна активност, информираше дека изградбата на патките е долгогодишно барање на жителите. „Во тек се градежни активности за бетонирање на пристапни патеки во селските гробишта во Василево. Оваа е долгогодишно барање на граѓаните од населеното место Василево. Средствата за реализација на овој проект целосно се обезбедени од Буџетот на општина Василево“, стои во ФБ бјавата на градоначалникот Андонов, https://www.facebook.com/vasilevo24.
Според податоците од техничката документација активноста на изградба на патеките  опфаќа претходно уредување на теренот со чистење од вегетација, рамнење, тампонирање и валирање на подлогата, по што ќе бидат бетонирани патеките чија вкупна должина изнесува 380 метри или вкупна површина од 1460 м2.
Средствата за оваа активност, согласно Договорот со компанијата изведувач, која на распишаниот Јавен повик, достави најповолна понуда, изнесуваат 3 006 303 денари и истите општината ги обезбеди од сопствените извори на приходи.

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail

Активности во патната инфраструктура во подогражденскиот крај

По дождливиот викенд, општина Василево реализираше активности за оптимизирање на локалната патна инфраструктура во подогражденскиот крај, односно расчистување на наносите од земја и кал.
Според информацијата споделена од градоначалникот на општина Василево Славе Андонов преку неговиот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, од наносите предизвикани од врнежите чистена е главната улица во населеното место Чанаклија. Исто така извршено е и тампонирање на улицата која од Нова Маала води кон Чанаклија.
„Се изврши тампонирање на улица во Нова Маала која води кон Чанаклија а истата ја користат и земјоделците. Се извршија активности за рамнење на главната улица во Чанаклија од наносите од песок и земја“, стои во ФБ објавата на Андонов.
Овие активности се реализирани во соработка со ЈПКД „Турија“, Василево.

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail

Општина Василево се приклучува на кампањата „Општината на дланка“

Општина Василево се приклучува на кампањата „Општина на дланка“.

Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина на дланка“, иницијатива која има за цел да ја зголеми транспарентноста и отчетноста во локалната самоуправа преку подобрена употреба на општинските веб-страници.

Кампањата е подготвена  од Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите во соработка со Министерството за локална самоуправа. Нашата општина активно соработува со овој проект со цел:

  • Подобрување на управувањето со општинските јавни финансии;
  • Поефикасно планирање и извршување на буџетот;
  • Зголемување на фискалната транспарентност и отчетност;
  • Унапредување на прибирањето приходи од сопствени извори;
  • Поголем пристап до надворешни извори на финансирање;
  • Создавање услови за вклучување на приватниот сектор.

Целта на кампањата „Општина на дланка“ е да ги информира граѓаните и бизнисите за нивните права и обврски, како и да им обезбеди полесен пристап до општинските услуги.

Во рамките на кампањата, редовно ќе ги ажурираме нашите комуникациски канали со нови информации во надлежност на општината кои ќе ги поттикнат граѓаните да учествуваат во процесите на одлучување и да бидат активно информирани за функционирањето на општината.

Ги покануваме сите граѓани и заинтересирани страни да се приклучат на оваа иницијатива и да ја поддржат кампањата, која ќе ја зголеми транспарентноста и отчетноста во локалната самоуправа.

Посетете ја веб-страницата на општината, пребарајте и добијте ги потребните информации.

Вклучете се во креирање на транспарентна  општина.

Дознајте повеќе за:

 

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail

Асфалтирана улицата покрај Домот на културата во Василево

Општина Василево,  во населеното место Василево ја  асфалтираше  улицата која води покрај Домот на културата. Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, кој на лице место ги следеше активностите,   споделувајќи ја информацијата преку својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, напиша:  „Прв пат после 30 години, се асфалтира патот покрај Културниот дом во Василево. На овој дел од Василево, претходно беше изградена фекална канализација,со што се пристапи кон системско решавање на инфраструктурата . Задоволството на моите сожители е најголема награда за сработеното. Овој локален пат е од витално значење за секојдневното живеење на граѓаните од Василево“
За изградбата на оваа улица чија должина изнесува 680 метри а  ширина 5 метри средствата во висина од 5 134 040 денари се обезбедени од општинската каса. На сфалтирањето му претходеше поставување на систем за фекална канализација, кој според најавите на Градоначалникот набрзо ќе го има целото населено место Василево.
„Целото населеното место Василево ќе добие фекална канализација и асфалтирани улици. Централното подрачје на општина Василево, заслужува да има уредена инфраструктура. Ветеното го реализираме“, стои во ФБ објавата.

 

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail

Општина Василево ја одржа Втората форумска сесија

Синоќа, во малата сала на мотелот Мис Стон, општина Василево во  рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети-фаза 2“, ја одржа Втората форумска сесија, на која граѓаните согласно усвоениот дневен ред ги проследија презентациите на четирити концепти произлезени од првата форумска сесија.
По дискусијата,  трите од четирите предложени концепти, односно:  „Училишни дворови по мерка на учениците“, „Сите ја одржуваме животната средина чиста“  и „Набавка на возило за собирање смет“ ја добија согласноста од граѓаните и за сите нив ќе бидат изготвени конкретни проекти, а еден од нив ќе биде реализиран со средства обезбедени од Програмата.
Следната, трета,  форумска сесија е закажана за 17.12.2024 година. Планирани се вкупно пет форумски сесии од кои последната, петата ќе биде по имплементацијата на проектот на која ќе бидат сумирани резултатите од целокупниот форумски процес. Буџетот за реализација на проектот кој ќе биде избран од граѓаните  е околу 50 000 долари.
Проектиот форум е во рамки на Програмата „Зајакнување на општинските совети – фаза 2“  која ја финансира Швајцарската влада и Министерството за локална самоуправа, а ја кофинансира и спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во соработка со национални и локални партнери.

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail

Активности во патната инфраструктура во општин Василево

Општина Василево деновиве спроведува активности за подобрување на локалната патна инфраструктура. Станува збор за две локации и тоа во населеното место Василево каде што е тампонирана улицата во т.н Шикидајска маала и во реонот на Брана Турија каде се извршени активности на пробивање и рамнење на патот до Висока Маала.
Информација за овие активности преку својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, ја сподели градоначалникот на општина Василево,  Славе Андонов, кој и на лице место следеше дел од активностите.
„Се изврши тампонирање на улица во Шикидајската маала во Василево. Се извршија активности за пробивање и рамнење на патот од Висока Маала до Брана Турија“, напиша Андонов.
Во наредниот период, во континуитет  општина Василево продолжува со планираните активности во делот на локалната патна инфраструктура

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail