Author Archives: opstinaadmin

Формирање координативно тело за следење на најавеното невреме

ЗАПИСНИК ЗА ФОРМИРАЊЕ КООРДИНАТИВНО ТЕЛО ЗАРАДИ СЛЕДЕЊЕ НА СОСОЈБАТА ЗА НАЈАВЕНОТО НЕВРЕМЕ

На координативниот состанок беше договорено да се ангажираат пет лица вработени во општина Василево кои ќе ја следат состојбата на терен и ќе го известуваат градоначалникот за секоја настаната промена.

Лицата се:
– Митко Јанев бр.тел. 071/874-769
– Боби Величковски бр.тел.071/261-707
– Ацо Митев бр.тел 071/261-502
– Тони Ристов бр.тел. 071-575-481
– Бранко Андонов бр.тел. 071/205-117
Секоe од лицата ќе добие одредена локација која ќе ја надгледува и следи и тоа :
– На потегот од Радичево до мостот Доброшинци – Митко Јанев,
– Боби Величковски ќе ја надгледува состојбата на брана Турија и течението на река Турија,
– Тони Ристов ќе ја надгледува сосотојбата од мостот кон Доброшинци до Василево,
– Ацо Митев и Бранко Андонов од Василево до Просенички пат.
За сите настанати промеnи и критични ситуации истите се должни да го известуваат градоначалникот и заеднички да се донесе донесе решение за преземање интервенција.
Се задолжува директорот на ЈПКД Турија Василево целокупната механизација да ја стави на располагање и да биде во приправност.
Се задолжуваат сите приватни локални компании кои располагаат со соодветна механизација, истите да бидат ставени на располагање на општина Василево.
Се замолуват граѓаните на сите населени места од општина Василево во случај на загрозеност да контактираат со лицата назначени од општина Василево.

Општина Василево
30.01.2015
Градоначалник Ванчо Стојанов _______________
Митко Јанев______________________________
Боби Величковски________________________
Ацо Митев_______________________________
Тони Ристов______________________________
Бранко Андонов_________________________

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail

Дневен ред за 22-та Седница на Советот на општина Василево

Во петок, 30.01.2015 година, со почеток во 12,00 часот, Советот на општина Василево ќе ја одржи 22-та Седница.

За работа на седницата предложен е следниот дневен ред:
1. Предлог-програма за комунални дејности ма подрачјето на општина Василево за 2015 година.
2. Квартален извештај за извршувањето на Буџетот за 2014 година за периодот од 01.01.2014 до 31.12.2014 год. (К-1).
3. Квартален извештај за доспеани а неизмирени обврски на општина Василево за периодот од 01.01.2014 до 31.12.2014 год. (К-2).
4. Квартален извештај за промените на состојбата на задолжувањето на општина Василево за периодот од 01.01.2014 до 31.12.2014 год. (К-3).
5. Донесување на Одлука по барањето за финансиска помош поднесено од Сашко Димитриев од с. Ангелци.
Седницата ќе се одржи во просториите на Домот на културата во Василево.

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail

Почина Илчо Колев, претседателот на Совет на општина Василево

На 24.01.2015 ненадејно почина Илчо Колев, претседател на Совет на општина Василево. Колев е роден 1963, татко на две деца. Работеше во Министерството за Земјоделие. Во 2013 година беше избран за советник во Советот на Општина Василево, а иста година е изгласан и за претседател на Советот.

Комеморативната седница ќе се одржи во недела, 25 јануари 2015 година, со почеток во 11.30 часот во салата на Советот. Погребот ќе биде во 14.00 часот на гробиштата во Пиперево.

10472096_10152992032983957_54653736857367556_n

ИЛЧО КОЛЕВ (1963-2015)

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail

Се чистат каналите во општина Василево

Во текот на денешниот ден, механизација ангажирана од Струмички слив ги привршува активностите на чистење на каналот што ги поврзува населените места Едрениково и Градошорци. Според информацијата добиена од градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов, оваа активност се спроведува во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Р.Македонија кое, активноста на чистење на каналите во општина Василево им ја има доверено на Струмички слив. Предлогот за тоа кои канали ќе бидат исчистени на барање на Министерството е даден од локалната самоуправа Василево.

Во текот на минатата недела во рамки на истата активност исчистен е и каналот во населеното место Чанаклија, односно Азмакот како што е познат меѓу народот, во должина од околу 4 км.
Градоначалникот Стојанов информира дека чистењето на каналите е една од приоритетните активности на општината, која во соработка министерствата, општинското јавно комунално претпријатие и другите институции кои имаат надлежност од оваа област, продолжува и понатаму да ја спроведува во сите населени места согласно потребите.

DSCN5445DSCN5459DSCN5447

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail

Осветени водите во населените места на општина Василево

vasilevo-krst (3)Денес, на големиот Христијански празник Богојавление –  Водици, во населените  места на општина Василево, согласно Православната вера и традиција беа осветени водите. Чинот на пуштањето на светиот крст во водите и нивното осветување беше проследено од бројни верници.  Општина Василево  и оваа година како и претходните,  за најсреќните – оние кои го фатија крстот, обезбеди  награди.  Градоначалникот на општина Васиелво, г-дин Ванчо Стојанов,  присуствуваше на чинот на осветувањето на водите во населените места Чанаклија, Василево, Владевци, Сушево, Едрениково и Седларци и при тоа лично честитајќи им на оние кои го фатија крстот им ги даде и наградите од локалната самоуправа Василево.

vasilevo-krst (1) vasilevo-krst (4)

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail

Општина Василево ќе се вклучи во одбележувањето на Богојавление –Водици

Локалната самоуправа од Василево, наградувајќи ги најсреќните граѓани кои ќе успеат да го извадат светиот крст од осветените води, ќе се вклучи во одбележувањето на верскиот празник, Богојавление Водици.
Локалната самоуправа од Василево, традиционално како и секоја година, во сите населени места ќе го проследи чинот на осветување на водите и најсреќните односно оние кои ќе го фатат крстот ќе ги награди.

DSC03608
Истиот ден, веднаш по завршувањето на богослужбата и чинот на осветување на водите во населеното место Василево, во близина на фудбалското игралиште „Цар Самоил“ во организација на Панче Наков се организира традиционалното „Влечење трупци со коњи“. Според информацијата од организаторот Наков, дрвениот трупец што ќе го влечат коњите е со тежина од околу 800 килограми, а победник е коњот кој за одреденото време од 5 минути влечејќи го трупецот ќе помине најголемо растојание. Влечење трупци со коњ ќе се одржи пета година по ред, а според организаторот вообичаено учествуваат по дваесетина коњи од населените места во општина Василево но и од населените места од соседните општини.

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail

Избрани најдобрите во спортот за 2014 година

Мери Јанева од Градашорци, актуелниот шампион во куглање на Македонија е избрана за спортист на Василево за 2014 година. Ваква одлука донесе општината која ги прогласи најуспешните во спортот за минатата година на завршницата од турнирот во мал фудбал. Епитетот за најдобар спортист , Јанева го доби заради својата доминација во куглањето во државата во младинска и сениорска конкуренција, но и поради освоените медали на меѓународни натпревари .
јанева

  meri janeva
Најуспешна екипа за минатата година, општина Василево го прогласи тимот на ОК ,,Сушево,, кој во 2014 година се покажа како доста квалитетен одобјкарски тим завршувајки го есенкиот дел од првенството на третата позиција. За најдобар спортски работник општина Василево го прогласи тренерот на ФК, ,Василево Јуниор,, Ратко Јанушев кој во контуинитет неколку години го пренесува своето знаење на младите фудбалери од ова општина.

ok susevo

,,Јанева, одбојкарите на Сушево но и Јанушев се вистински афирматори на нашата општина како во земјава така и надвор од неа. Како локална самоуправа во рамките на своите можности и понатаму ќе ги подржуваме бидејки со своите резултати и успеси докажуваат дека во својата матична општина се негува спортот,, истакна градоначалникот на Василево Ванчо Стојанов на доделувањето на признанијата.

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail

Заврши петиот Новогодишно-Божиќниот турнир во Василево

 Екипата на „Амор Гарден“ од Струмица, синоќа, во преполната сала на ООУ„Гоце Делчев“, Василево, совладувајќи ја екипата на „Зиго Шпед“ од Радовиш со резултат од 5:4 го освои победничкиот пехар на петиот „Новогодишно-Божиќниот турнир во мал фудбал – Василево 2014/2015“. Третото место во сениорска конкуренција го освои на екипата на „Владе Банско“, кои во малото финале ја совладаа екипата на „Агро Тим“ од Пиперево. 

pehar za najdobrite

За најдобар играч на турнирот е прогласен Бојан Иванов од екипата на „Зиго Шпед“, титулата за најдобар стрелец ја освои Пепи Најдов од „Владе Банско“, а за најдобар голман е прогласен Илчо Удовалиев од „Амор Гарден“. Екипата на „Чипа Лозана“ ја понесе титулата „фер плеј“ екипа на турнирот.

pobednici
Во кадетска конкуренција победник е екипата на „Тинејџер“ од Струмица, која во борбата за првото место ја совлада екипата на „Кланица Шонтеви“ од Ангелци, а третото место им припадна на „Книжарница Сони“ од Радовиш. За најдобар играч во оваа конкуренција прогласен е Наум Блажевски, а за најдобар стрелец, Ѓорги Јовев и двајцата од екипата на „Тинејџер“. Титулата најдобар голман кај кадетите ја понесе Леон Фенов од „Книжарница Сони.

publika
Градоначалникот на општина Василево, г-дин Ванчо Стојанов, под чие покровителство се одржува турнирот, во изјавата за медиумите нагласи дека со овој и останатите турнири кои се одржуваат во речиси сите населени места на општина Василево, полека но сигурно општина Василево прераснува во спортска општина, додавајќи дека општина Василево и понатаму продолжува со поддршка на спортот со надеж дека еден ден од овде ќе израснат спортски легенди кои ќе ја претставуваат општина Василево па и република Македонија.
Вкупниот награден фонд на годинешниот Новогодишно-Божиќен турнир беше 200 000 денари, истиот беше во организација на ФК Василево и под покровителство на општина Василево.

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail