Во населеното место Василево заврши изградбата и уредувањето на новото спортско- рекреативно катче, лоцирано веднаш до постојното мало игралиште во делот кон излезот од населеното место во насока на 11 Септември. Заедно со реконструираното спортско игралиште Василево доби комплетно нов, уреден спортско – рекреативен простор, корисен за сите генерации граѓани.
Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, споделувајќи ја информацијата, преку својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, напиша: „Нека е аирлија ново детско катче во Василево. Детското катче е опремено со нови реквизити за рекреација на најмладите. Со ова се подобруваат условите и се создаваат нови катчиња за најмладите каде ќе можат да го минуваат своето слободно време. Постоечкото фудбалско игралиште се реконструира со нови стативи и обележување и истото повторно е во функција на спортистите. Децата се нашата најголема радост и нашата иднина. За нив вреди целиот труд и посветеност Општина Василево да ја направиме поубаво место за живеење“.
Овој модерно уреден урбан простор опремене е со справи и реквизити за вежбање и рекреација на најмладите, клупи за седење, корпи за отпадоци, хортикултурно збогатен со зимзелени садници и истиот е заграден.
Проектот се реализира во партнерство со УСАИД и ЛАГ Беласица – Огражден, во рамки на Програмата за развој на заедницата во партнерство со Мрежата за рурален развој на Македонија.