Author Archives: opstinaadmin

Активности во патната инфраструктура во општин Василево

Општина Василево деновиве спроведува активности за подобрување на локалната патна инфраструктура. Станува збор за две локации и тоа во населеното место Василево каде што е тампонирана улицата во т.н Шикидајска маала и во реонот на Брана Турија каде се извршени активности на пробивање и рамнење на патот до Висока Маала.
Информација за овие активности преку својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, ја сподели градоначалникот на општина Василево,  Славе Андонов, кој и на лице место следеше дел од активностите.
„Се изврши тампонирање на улица во Шикидајската маала во Василево. Се извршија активности за пробивање и рамнење на патот од Висока Маала до Брана Турија“, напиша Андонов.
Во наредниот период, во континуитет  општина Василево продолжува со планираните активности во делот на локалната патна инфраструктура

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail

Градоначалникот Андонов на црковен собир во Владевци

Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, вчера во населеното место Владевци, присуствуваше на собир во црквата „Успение на Пресвета Богородица“, кој се одржува секоја година по повод денот на осветувањето на овој православен храм.
„Црквата од секогаш била душата на нашиот народ, наше древно светилиште и духовна мајка на нашите предци. Нашиот народ од секогаш сакал да работи, да создава и да остава за следните поколенија. Денес присуствував на народен собир во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ – Владиевци , проследен со богата културно уметничка програма. Нашата вера и нашата црква, треба да си ги чуваме,треба да си ги негуваме“, напиша по тој повод градоначалникот Андонов на  својот ФБ профил https://www.facebook.com/vasilevo24.

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail

Вработените и советниците на општина Василево со обука до зголемени знаења и вештини

Членовите на Советот на општина Василево и вработените во општинската администрација, минатата работна седмица ја завршија со обука насочена кон зголемување на нивните вештини и знаења кои допрва ќе дадат резултати во нивната секојдневна работа.
Обуката беше организирана и спроведена во соработка на тимот на УНДП и ЗФР (Здружение на финансиски работници), во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети – фаза 2, финансиски поддржан од Швајцарската влада и  Министерството за локална самоуправа, а ко-финансиран и спроведуван од Програмата за развој на Обединети Нации  – УНДП.
Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, споделувајќи ја информацијата преку својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, информираше дека преку овој проект за потребите на Советот на општина Василево ќе се набави опрема за емитување во живо на седниците на Советот на општина Василево.
„Претставници од УНДП преку проектот „Зајакнување на општинските совети ” извршија обука на советниците и општинската администрација во просториите на Домот на културата во Василево. Преку проектот ќе се набави опрема за прикажување во живо на седниците на Советот на општината. Преку овој проект се обезбедува,потранспарентна Општина и зголемено граѓанско учество во носењето одлуки на локално ниво“, стои во објавата на градоначалникот Андонов.

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail

Покана за Втора форумска сесија за Проектниот форум на општина Василево

На 26.11.2024 година, (вторник) во малата сала на мотелот Мис Стон во Василево,  со почеток во 17,00 часот, ќе се одржи Втората форумска сесија од Проектниот форум на општина Василево. Општина Василево ги поканува  граѓани да се вклучат во работата на сесијата  и на тој начин да учествуваат во  изборот на идните приоритетни проекти во општината.
По прегледот на претходната сесија и работата меѓу сесиите ќе бидат презентирани концептите произлезени од Првата форумска сесија:
– „Училишни дворови по мерка на учениците“ – презентација
– „Сите ја одржуваме животната средина чиста“ – презентација
– „Набавка на возило за собирање смет“ – презентација
– „Канализациски системи за 21 век“ – презентација
Проектиот форум е во рамки на Програмата „Зајакнување на општинските совети – фаза 2“  која ја финансира Швајцарската влада и Министерството за локална самоуправа, а ја кофинансира и спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во соработка со национални и локални партнери.

Дневен ред за втора ФС
Покана за втора ФС

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail

Општина Василево ја одржа првата форумска сесија во рамки на Проектниот форум

Синоќа, во малата сала на мотелот Мис Стон, општина Василево во  рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети-фаза 2“, ја одржа првата форумска сесија.  Ова е проектен форум каде на предвидените форумски сесии граѓаните ќе дискутираaт за проблеми кои ги засегаат и ќе нудат решенија од кои ќе произлезат проектни идеи/концепти за предлог проекти.
По воведното обраќање на градоначалникот кој вети безрезервна поддршка на целиот форумски процес, следуваше  презентација на форумските теми по што граѓаните одлучија приоритетна тема и област од која ќе биде дефиниран проектот што ќе се реализира да биде животната средина.
Во следните форумски сесии граѓаните ќе се одлучат и за конкретен проект. Буџетот за реализација на проектот е околу 50 000 долари.
Форумот се реализира во рамки на Програмата „Зајакнување на општинските совети – фаза 2“ финансирана од Швајцарската влада и Министерството за локална самоуправа, а ја кофинансира и спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во соработка со национални и локални партнери.
Следната форумска сесија е закажана за 26.11.2024 во Мис Стон, Василево.
Планирани се вкупно пет форумски сесии од кои последната, петата ќе биде по имплементацијата на проектот на која ќе бидат сумирани резултатите од целокупниот форумски процес.

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail

Општина Василево гради фекална канализација во Ангелци

Општина Василево со средства обезбедени од сопствениот буџет започна со изградба на фекална канализација, Колектор К1,  во населеното место Ангелци. Должината на кракот согласно тендерската документација и Договорот со изведувачот изнесува 830 метри а Буџетот  4 423 820 денари.
Стартот на градежните  активности со видео обраќање преку неговиот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, го најави градоначалникот на општина Василево Славе Андонов.
„Продолжуваме со реализација на нашите ветувања Откако обезбедивме средства за изградба на фекална канализација во Василево,започнуваме со нов проект за изградба на фекална канализација во Ангелци . Ова е барање на граѓаните од Ангелци. Тие заслужуваат достоинствени услови за живот. Ако во четирите години пред моето доаѓање на функцијата градоначалник, немаше изградено ниту еден метар фекална канализација,во овие три години започнавме во три населени места и тоа Василево,Пиперево и деновиве во Ангелци.
Очекувам изградбата да заврши за релативно брз временски период и жителите од овој дел на Ангелци да можат да се приклучат. Ветувањата имаат тежина само ако ги реализираме
Ангелци добива нов крак од фекална канализација“стои во видео пораката на градоначалникот на општина Василево Славе Андонов.

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail

Советот на општина Василево одржа вонредна седница

Вчера, Советот на општина Василево одржа вонредна седница на која беа две точки:
Предлог-одлука за поништување на Измена и дополнување на Буџетот на општина Василево  (Ребаланс) за 2024 година бр. 08-1379/1 од 04.11.2024 година и  Измена и дополнување на Буџетот на општина Василево (ребаланс) за 2024 година.
Раководителот на Оделението за финансии Габриела Ефтимова даде објаснување за итноста на Седницата и ребалансот  на Буџетот, кои се по налог на Министерството за финансии и се поради технички проблеми
„По налог на Министерството за финансии  заради определени  технички проблеми а и поради законскиот рок до 15.11.  да помине Ребалансот, е свикана вонредната седница.
Имаше измени во фискалната табела. По налог на Министерството за финасии има промени во неданочните приходи и поради тоа е потребно повторно гласање на Ребалансот“, рече во своето образложение раководителката на Одделението за Финансии Ефтимова.
Со мнозинство од 8 гласови беа усвоени и днете точки од дневниот ред.

 

 

 

 

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail

Вонредна седница на Советот на општина Василево

Денес, 11.11.2024 година (понеделник) со почеток во 16часот и 15 минути, во просториите на општина Василево, Советот наопштина Василево ќе одржи вонредна Седница.
За работа на седницата предложен е следниот дневен ред:

  1. Предлог-одлука за поништување на Измена и дополнување на Буџетот на општина Василево (Ребаланс) за 2024 година бр. 08-1379/1 од 04.11.2024 година
  2. Измена и дополнување на Буџетот на општина Василево (Ребаланс) за 2024 година.

Дневен ред

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail

Покана за прва форумска сесија на Проектиот форум на општина Василево

На 12-ти ноември (вторник) со почеток во 17,00 часот, во ресторанот Мис Стон во Василево, ќе се одржи првата форумска сесија во рамките на проектот „Зајакнаување на општинските совети –   фаза 2.  Општина Василево ги поканува граѓаните активно да се вклучат во форумските сесии и да учествуваат во изборот на проектите кои ќе бидат реализирани.
Во рамките на предвидените форумски сесии граѓаните ќе дискутираaт за проблеми кои ги засегаат и ќе нудат решенија од кои ќе произлезат проектни идеи/концепти за предлог проекти. Од овие идеи/концепти за предлог проекти учесниците на форумот ќе ги изберат оние кои ќе бидат реализирани од проектниот фонд. На последната сесија, граѓаните ќе бидат информирани за реализацијата на избраниот/избраните проект/и и за препораките. Темата за која ќе се подготвуваат проекти ќе ја изберат граѓаните на првата форумска сесија.
Програмата „Зајакнување на општинските совети – фаза 2“ ја финансираат Швајцарската влада и Министерството за локална самоуправа, а ја кофинансира и спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во соработка со национални и локални партнери.

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail

Крводарителска акција во општина Василево

На 06.11.2024 година, среда, ОО Црвен крст Струмица, во соработка со Службата за трансфузиона медицина и поддршка од општина Василево, организира крводарителска акција со граѓаните и вработените во општина Василево.
Акцијата ќе се спроведе во периодот од 09,00 до 14,00 часот во просториите на Домот на културата во Василево.

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail