Се чистеше отворениот канал во населеното место Градашорци, од каде со механизација се отстранети околу 60 м3 наносен материјал, главно тиња, кал и вегетација. Според информацијата од претставникот на ЈПКД „Турија“, Василево исчистен е целиот канал, во должина од околу 250 метри со што се нормализира неговата функационалност односно целосно е подготвен за прифаќање на атмосферските води кои природно, во периодот кој следува, ќе бидат во пораст.
Увид во активноста направи градоначалникот на општина Василево Славе Андонов со чија координаација се одвиваат секојдневните активности на комуналното претпријатие.