Договор за соработка со Синдикална подружница Независен синдикат на полициски службеници од Струмица

„Ми претставува особена чест што денес склучивме договор за соработка со синдикалната подружница при Независниот синдикат на полицијата при Струмица, претставувана од претседателот Миле Милески“, информираше градоначалникот нса општина Василево Славе Андонов преку својот ФБ профил https://www.facebook.com/slave.andonov.

Согласно Договорот потпишан со претседателот на синдикалната подружница од Струмица, Миле Милески, општина Василево,  по предлог на Комисија формирана од Независниот синдикат од ПС Струмица, презема обврски, да започне со избор на најдобар полицаец на општина Василево со место на вработување во ПС Струмица и за него да  обезбеди и парична награда во висина од 18 000 денари.

Исто така општината, за потребите на полициските службеници,  бесплатно ја става на користење  спортската сала во Василево.

„Со оваа иницијатива која ќе се спроведува во континуитет секоја година, ќе допринесеме за мотивираност и соработка со полициските службеници што дополнително ќе се одрази на безбедноста на самата општина“, напиша на својот ФБ профил, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов.

 2

3 4

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail