Утрово, гости во кабинетот на градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, беа учениците од четврто одделение од училиштето „Гоце Делчев“, Василево. Заедно со нивните наставнички, Сузана Илиева и Елисавета Пелтечка, одржаа практичен час по предметите општество и историја.
„Задоволство е да се биде домаќин на такви гости“ рече градоначалникот Андонов, посакувајќи им добро утро и убав ден на учениците, кои не го криеја задоволството од посетата и можноста за се што ги интересира лично да го прашаат градоначалникт. Својата љубопитност ја преточија во прашања од типот: дали треба многу да се учи за да се биде градоначалник, кој предмет му бил омилен на градоначалникот, што планира да направи за образованието, за училиштата, за школските дворови и игралишта…, на кои со задоволство одговараше градоначалникот.
Посетата ја завршија подарувајќи му на градоначалникот ликовни изработки со општинските обележја- грбот и знамето на општина Василево.
„Ваквите посети треба да се почести, едни од други многу можеме да научиме. Учениците кај мене се секогаш добредојдени“, им порача градоначалникот на учениците и нивните наставнички.