Во населеното место Сушево се асфалтира улица

Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, денес беше во населеното место Сушево, каде присуствуваше на асфалтирањето на улицата чија изградба деновиве се одвиваше во континуитет.

Изградбата на оваа улица е планирана со Програмата за изградба, реконструкција, одржување на локални патишта и улици за 2022 година чиј изведувач на терен е градежната компанија Бони интерградба.

Улицата е со  должина од 75 метри   и  ширина од   околу 3,5 метри односно асфалт  од 275 м2.  Лоцирана е на почетокот од населеното место и ги поврзува  жителите кои живеат покрај неа со главниот локален пат.

Средствата во висина од 334 508 денари се обезбедени од општинската каса.

Според информација од градоначалникот Андонов за утре е планирано насфалтирање на улицата во населеното место Едрениково, чија изградба исто така се реализира како дел од минатогодишната Програма за локални патишта и улици во општина Василево.

 DSC_0407_1024x681 DSC_0410_1024x681 DSC_0411_1024x681 DSC_0413_1024x681 DSC_0422_1024x681 DSC_0429_1024x681 DSC_0437_1024x681 DSC_0440_1024x681

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail