Општина Василево во соработка со ЈПКД „Турија“, по повод утрешниот празник Петковден, спроведе активности на расчистување и уредување на просторот покрај локаниот пат што води кон населеното место Требичино и манастирот Св. Петка.
Со механизација отстранети се земјените наноси, грмушките и вегетацијата со што се подобрени условите на овој локален пат кој ќе биде особено фреквентен вечерва и во текот на утрешниот ден, кога манастирот Св. Петка е масовно посетен не само од жителите на околните места туку и од регинот и населените места ширум државата.
Како што информира градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, и годинава, почитувајќи ги потребите на граѓаните, општина Василево во соработка со ЈПКД Турија, интервенираше оптимизирајќи ги условите на патот и просторот за паркирање, за утрешното одбележување на овој голем Христијански празник.