Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, на покана на Неговото преосвештенство Викарниот епископ Јаков Стобиски, присуствуваше на промоција на монографијата „Прилози за историјата на манастирот Вељуса“, која се одржа во дворот на манастирот „Воведение на Пресвета Богородица Елеуса“ во Вељуса.
„Денес беше промовирано ова капитално дело кое што во себе содржи три најважни прилози кои најсоодветно ги прикажуваат, карактерот и вредноста на Вељушкиот манастир, а тоа се хрисовулите на царот Алексеј I Комнин, Инвентарот (Вревиј) на манастирот со сите негови драгоцености, како и Типикот на манастирот Вељуса“, напиша по тој повод на својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, градоначалникот Андонов.