Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, направи увид во градежните активности на улицата во Турското маало во с. Пиперево, за која како што напиша на својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, е долгогодишно барање на граѓаните. „Оваа улица ќе добие асфалт по поставувањето на нов тампон. Запазени се сите рокови и ветувања кон граѓаните“, стои во информацијата на Градоначалникот.
Изградбата на оваа улица е планира со Програмата за изградба, реконструкција и одржување налокални патишта и улици во општина Василево за 2024 година, а средствата за нејзина реализација кои согласно Договорот со изведувачот изнесуваат 380 042 денари се обезбедени од општинската каса.
Должината на улицата изнесува 95 метри, ширината 3 метри. Следната фаза која е всушност и финална е асфалтирањето, кое треба да биде извршено во текот на периодот што следи.