Општина Василево го асфалтираше игралиштето во населеното место Висока Маала. Истото е лоцирано веднаш до новото училиште на влезот од ова населено место, со што како функционална целина ќе нуди услови за одржување на часовите по физичко образование на учениците, но и за различни настани и активности од отворен тип.
Во објавата на ФБ профилот, https://www.facebook.com/vasilevo24, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов напиша:
„Висока Маала добива ново квалитетно место за рекреирање. Висока Маала за прв пат добива ново повеќенаменско игралишта Моето ветување станува реалноста. По многу години ветувано од различни раководства на општина Василево,конечно овој проект добива своја завршница. Го менуваме ликот на Општина Василево“
Согласно Договорот со изведувачот, асфалтната подлога е на 600 м2 , а во периодот што следува ќе се финализираат планираните активности за негово комплетна изградба, односно оградување со бетонски зид на кој ќе биде поставена жичена ограда. Игралиштето ќе биде осветлено со канделабри, а од спортски реквизите ќе бидат монтирани два коша и две стативи. Поставени ќе бидат и клупи за седење и корпи за отпадоци.
Буџетот за неговата изградба изнесува 4 015 419 денари, средства обезбедени од општинската каса.