Амбасадорот на Р.Турција во Македонија во посета на општина Василево

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, денес беше домаќин на Амбасадорот на Р.Турција во Македонија, Н.Е  Фатих Улусој   (Fatih Ulusoy). Разговорите се водеа во кабинетот на градоначалникот Андонов.  По меѓусебното претставување и запознавање на спецификите и надлежностите на секоја од институциите чии први луѓе се,  градоначалникот Андонов го запозна Амбасадорот со спецификите и особеностите на општина Василево со посебен акцент на соживотот, интеграцијата, секојдневието, проблемите и потребите на турското населени кое живее во општина Василево. „Ние сме два братски народи со длабока традиција на соработка“, нагласи Андонов.
Амбасадорот Фатих Улусој заблагодарувајќи се за гостопримството изрази надеж за добра соработка која набрзо ќе даде резултати во решавањето на проблемите со кое се соочуваат  жителите во населените места со турско население, пред се со решавање на проблемот со водата  за пиење. Амбасадорот информираше дека во изминатиот период од страна на турски експерти е завршена анализата во врска со ова прашање  и тие од своја страна се подготвени да изготват техничка документација и да ја извршат работа на терен со машини. Заради обемноста на целокупната активност и големиот Буџет за нејзина реализација, Амбасадорот  побара поддршка и од Градоначалникот во смисла на лобирање кај Владата и Премиерот за државна финансиска поддршка.
Разговорот кој се водеше во срдечна и пријателска атмосфера заврши со ветување дека досегашната успешна соработка ќе продолжи и во иднина.
„Одлучни сме да се продлабочи таа соработка и во наредниот период“ нагласи Амбасадорот изразувајќи ја својата подготвеност за реализација на идни следни проекти во населените места каде што живее турско население.

 

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail