Советот на општина Василево ја одржа 41-та седница

Во петокот на  09.08.2024 година, Советот на општина Василево ја одржа редовната 41-ва седница, на  чиј почеток свечена изјава даде Тамара Дојчинова од ВМРО ДПМНЕ, која доаѓа на местото на Драгица Глигорова, која неодамна си поднесе оставака од функцијата член на Советот на општина Василево.
Дневниот ред дополнет со 13 нови предлози кои беа едногласно усвоени беше усвоен од советниците. Без дискусии и забелешки усвоени беа Кварталните извештаи за работата на општина Василево за периодот 01.01.2024 до 30.06.2024 година односно Кваратлниот извештај за извршување на Буџетот на општина Василево (К1), Кваратлнниот извештај за доспеани а неизмирени обврски (К2) и Кваратлниот  извештај за промените на состојбата на задолжување на општина Василево (К3).Без дискусии беа усвоени и Предлог-одлуката за утврдување на потреба за вклопување на бесправните објекти – станбена куќа на КП бр.931 во КО Радичево и Предлог-одлуката за донесување на Урбанистички проект со план за парцелација  за ГП бр.179 на КП бр. 1091/1, КО Градашорци – вон град за изведба на градба од класата на намена Г3, Г4 на КП бр. 1091/1, КО Градашорци, вон град, општина Василево.
Во врска со предложениот Годишен план за вработување на ООУ „Атанас Нивичански“, с. Нова Маала за 2025 година, образложение даде директорката Марија Костуранова, која ја потенцираше изразената потреба од технички персонал неопходен за нормалоно функционирање на училиштата. Истата беше усвоена.
Без дискусија беше усвоена  Годишната програма за работа за учебната 2024/2025 година на ООУ „Гоце Делчев“, Василево.
Советниците донесоа одлука и за член на Советот на општина Василево кој ќе учествува во процесот на одлучување за прашања на конфликт на интереси на градоначалникот на општина Василево. Предложен и избран беше советникот Ване Андонов.
Советниците ги усвоија и предлозите  кои се однесуваат на работењето на ЈПКД „Турија“; Василево меѓу кои  Финансиски извештај за работењето на ова претпријатие за период од 01.01.2024 до 30.06.2024 г. Едногласно беше донесена Одлуката со која на ЈПКД „Турија“, Василево му пренесува правото  на користење и управување со фекалниот канализационен систем во с. Василево-Колектор крак 1 и крак 3 и фекален канализационен систем  во с. Пиперево – колектор крак 1 и крак 2. Согласност добија и Одлуките на УО на ЈПКД „Турија“, Василево за корекција односно зголемување на цените на дел од нивните услуги и тоа: надоместокот за приклучување на корисниците на водоводната мрежа на населените места Василево, Градашорци и Ангелци ќе изнесува 80 000 денари наместо досегашните 60 000 денари.  Надоместокот за приклучок на канализациониот систем на правните лица во населените места Пиперево, Василево, Градашорци и Ангелци се зголемува и ќе изнесува 40 000 денари. Висината на надоместокот за приклучок на корисниците на водоводната мрежа во населените места на општина Василево исто така се менува и ќе изнесува 20 000 денари, колку што ќе изнесува и  висината на надоместокот за приклучок на канализациониот систем  на физичките лица во населениоте места Ангелци, Градашорци, Василево, Пиперево и Едрениково.
Усвоени беа и предложените измени на неколку Програми за работа на Советот на општина Василево и тоа: Програмата за измена и дополнување на Програмата за уредување на просторот на градежно земјиште во руралните подрачја во општина Василево за 2024 година; Програма за измена и дополнување на Програмата за изградба на системи за одведување и пречистување на отпадни води во општина Василево за 2024 година и Програмата за измена и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови во општина Василево за 2024 година. Усвоен беше и Планот за вработување на општина Василево за наредната 2025 година.
На дневен ред на 41-та седница беа и неколку предлози со кои се уредува работењето на ЈОУДГ „Прва радост“, Василево: Годишниот  извештај за работата на ЈОУДГ „Прва радост“, Василево за воспитната 2023-2024 година,  Годишната програма за работа на ЈОУДГ „Прва радост“, Василево за воспитната  2024-2025 година и   Годишниот план за вработување на ЈОУДГ „Прва радост“, Василево за 2025 година кои го  добија потребното мнозинство.
Согласност доби и  Одлуката  на ЈОУДГ„Прва радост“, Василево за прием на повеќе или помалку деца во групи, како и Одлуката за утврдување на почетокот и завршетокот на работното време кое е од 06,00 до 17,00 часот во деновите од понеделник до петок. Утврдена беше и Комисијата за прием на повеќе деца од проектираниот капацитет на градинаката во состав: Даниела Трајковска, претседател и членови: Наташа велкова и Андријана Митева.
Позитивен беша ставот на советниците и кон поднесените Барања за финансиска помош поднесени од физички и правни лица, меѓу кои на оваа седница доминираа барањата за организирање на спортски турнири чии покровител е општина Василево и се планирани со Програмата за спорт, рекреација и манифестации на подрачјето во Општина Василево за 2024 година.

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail