Во Василево се одржа Meморијален турнир Трајчо Петров

Вчера, во организација на општина Василево и под покровителство на градоначалникот Славе Андонов, во чест и спомен на Трајчо Петров- спортски работник од с. Василево, беше одржан меморијален турнир во мал фудбал.
„Општина Василево го слави и почитува делото на Трајчо Петров Во негова чест организиравме за прв пат турнир во мал фудбал пред големиот празник Успение на Пресвета Богородица на фудбалскиот терен во Василев“, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, кој лично ги следеше натпреварите и ги бодреше натпреварувачите. Овој турнир, како што најави Градоначалникот, ќе прерасне во традиција. „Поминав прекрасен ден со наши млади фудбалери,нашата иднина. Општина Василево и понатаму ќе го подржува овој турнир и сигурен сум дека ќе прерасне во традиција.

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail