Во Нова Маала се одржа традиционалниот турнир во одбојка

Во населеното место Нова Маала, под покровителство на општина Василево се одржа турнирот во одбојка. Овој турнир се одржува по повод христијанскиот празник Успение на пресвета Богородица кој е и празник на ова населено место. На турнирот присуствуваше и Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, кој на најдобрите им ги врачи наградите.
„Во прекрасна атмосфера и спортски дух заврши традиционалниот турнир во Одбојка во Нова Маала, по повод празникот Успение на Пресвета Богородица.
Во изминатите неколку дена Нова Маала беше место за дружење и спортски натпревари“, напиша на својот ФБ профил, градоначалникот Андонов по завршувањето на турнирот.
Организирањето на овој турнир е планирано со Програмата за спорт, рекреација и манифестации на подрачјето на општина Василево за 2024 година.

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail