Во пресрет на големиот христијански празник Успение на пресвета Богородица, кој воедно е и селска слава на населеното место Нова Маала, на платото во центарот на селото одржан е културно уметнички настан. Свое обраќање пред присутните имаше градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, кој поздравувајќи ги присутните нагласи дека настанот се одржува за прв пат но очекува истиот да прерасне во традиција. „Граѓаните на Нова Маала секогаш биле на страната на македонската традиција, на македонската култура. Убеден сум дека и вечерва сите заедно ќе уживаме во македонските ора и македонските песни. Јас како градоначалник на општина Василево гордо и достоинствено стојам пред вас, пред граѓаните на Нова Маала, бидејќи поголемиот дел од она што го ветив е веќе реализирано во рок од три години“. Андонов нагласи дека во наредниот период ќе има уште проекти за ова населено место. „Доказ за ова е и центарот во Нова Маала каде што се одржува оваа манифестација. Се сеќаваме сите каков беше овој простор на кој сега можеме да ја одржиме оваа манифестација, рече Андонов, посакувајќи им на присутните убава вечер.
Најнови вести
Во Василево започна изградба на ново спортско-рекреативно катче
четврток, 12 септември 2024, 07:44
Градоначалникот на општина Василево во работна посета на општина Согут, Р.Турција
вторник, 10 септември 2024, 08:46
Обезбедени канти за отпад за домаќинствата во с. Едрениково
сабота, 7 септември 2024, 20:38
Асфалтирана улица во Добрашинци
понеделник, 2 септември 2024, 17:02
Општина Василево и годинава обезбеди парична помош за првачињата
четврток, 29 август 2024, 21:26