Обраќање на градоначалникот Андонов во рамки на проектот SEBCOVE

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, како претседател на Советот за развој на Југоисточниот плански регион  имаше свое обраќање на настанот „Триаголници на знаење за зелена и дигитална трансформација” во рамките на проектот SEBCOVE (Smart Electricity for Buildings)

„Југоисточниот регион долго време е препознатлив по своите богати природни ресурси но и енергетски потенцијали. Сепак се соочуваме со уникатни предизвици кога станува збор за одржливиот развој и дигиталната трансформација. Овој проект има огромно значење не само за нашиот регион туку и за градежниот сектор во целина. Преку  12 000 000 работници  се вработени во овој сектор  во рамките на ЕУ.  Од суштинско значење е да ја опремиме нашата работна сила со потребните вештини и знаења за да ги задоволиме барањата на пазарот кои се рзавиваат секојдневно. Проектот има за цел да создаде центри за стручна извонредност  кои ќе служат како меѓународни центри за знаење. Овие центри ќе овозможат континуирано усовршување и можности за задоволување на вештините   на професионалците ангажирани во секторот на нови извори. Преку овој проект остваруваме соработка преку партнерство  со   Грција, Бугарија, Шпанија, Италија, Германија и Холандија. Дозволете да ја искористиме оваа можност да истражиме нови можности да  развиваме иновативни решенија“, рече Андонов, кој заблагодарувајќи им се на присутните и посакувајќи им успешна и продуктивна работа, нагласи дека Регионот е подготвен да ја одигра својата улога во поттикнување зелен раст и дигитална трансформација.

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail