Општина Василево и годинава обезбеди парична помош за првачињата

Општина Василево, годинава, исто како и минатата година обезбеди парична помош за секое прваче кое ќе се запише во училиштата во населените места на општина Василево.  По 2 500 денари ќе добијат родителите на првачињата како помош за полесен старт во новата учебна година.  Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, информацијата ја сподели преку својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24. „Општина Василево по вторпат обезбеди парична помош од 2500 денари за секое прваче. Се грижиме за младите семејства и преземаме мерки кои ги стимулираат најмладите, мотивирани и подготвени да влезат во новата учебна година. Во екот на енормните поскапувања кои пак посебно се изразени кај училишниот материјал и за кои секој родител треба да одвои огромна сума на пари, како локална самоуправа одлучивме годинава да му олесниме на нашиот народ и овој за нив најсреќен ден, да остане запаметен како таков. Првиот училишен ден за секое прваче значи неизмерна радост и возбуда, но исто така и за нивните родители бидејќи нема поголема гордост од нашите деца. Тој мора така да се запамети но не по финасиски грижи . Рокот за пријавување трае до 30 Септември. Со домаќинско и одговорно работење се реализираат многу проекти за прв пат во нашата општина. Влогот во најмладите е влог во иднината на Република Македонија“, порача градоначалникот Андонов.

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail