Асфалтирана улица во Добрашинци

Општина Василево викендов асфалтираше улица во населеното место Добрашинци. Улицате е планирана со Програмата за изградба, реконструкција, одржување на локални патишта и улици за 2024 година и Програмата за измена и дополнување на Програмата за изградба, реконструкција, одржување на локални патишта и улици за 2024 година, согласно која нејзината должина изнесува 130 метри а планираниот буџет е 740 000 денари. Градоначалникот на општина Васаилево, Славе Андонов, споделувајќи ја информацијата за асфалтирањето на оваа улица преку својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, се наврати и на реализираните проекти во изминатиот период од неговиот мандат како и на проектите кои допрва следуваат.
„Граѓаните да имаат соодветни услови за нормален живот.Од првиот ден како градоначалник, интензивно работиме на подобрување на патната инфраструктура. Од 2021 година асфалтирани се над 7 км улици и патишта во сите населени места, како никогаш претходно. Во Василево ќе се асфалтираат вкупно 5 улици. Наредна улица која ќе добие асфалт по поставувањето на фекална канализација е во Василево покрај Домот на културата. Продолжуваме чесно и одговорно и во наредниот период“, напиша Андонов.

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail