„Во населеното место Едрениково ќе бидат поделени канти за отпад на секое домаќинство“, објави преку својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, во врска со обезбедувањето канти за отпад за населеното место Едрениково.Кантите се донација од Пакомак – Друштво за управување со пакување и отпад од пакување, со кои општина Василево има повеќегодишна успешна соработка во делот на екологијата и заштитата на животната средина. Распределбата на кантите по домаќинствата ќе го реализира ЈПКД „Турија“, Василево, во чија надлежност е собирањето на сметот од домаќинствата.
„Едрениково за прв пат ќе биде вклучено во системот за организирано собирање на отпадот. Притоа секое домаќинство ќе добие канта за отпад. Грижата за животната средина е наша обврска“, нагласи градоначалникот Андонов.