Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, на покана од својот колега – градоначалникот на општина Согут, Ферхат Дургут е во неколкудневна посета на збратимената општина Согут, Р.Турција.
Деталите за посетата градоначалникот Андонов ги сподели преку својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24.
„Во работна посета на Општина Согут, Република Турција, каде на мое огромно задоволство се сретнав со повеќе преставници како на локалната но и на државната власт.
Општина Согут, Република Туркије е првата општина со која општина Василево се има збратимено. Градот е познат по тоа што Отоманците својата империја ја основале токму овде. Град со голема традиција и историја. Остварив средба со градоначалникот Ferhat Durgut и со неговиот тим на стручни работници, советници и општинска администрација.
Разговаравме за нашите надлежности, актуелните проблеми и предизвици, кои се нашите сличности а што е она што не разликува како локални самоуправи“. Градоначалникот Андонов и јавно преку социјалните медиуми им се заблагодари на своите домаќини за гостопримството како што напиша одличниот дочек. „Им благодариме на домаќините за одличниот дочек и целосното внимание кое ни го приредија. Посетата ќе продолжи со наше присуство на свеченостите кои ги организираат од страна на општина Согут. Општина Василево ќе биде меѓународно препознаена и афирмирана“, напиша Андонов.