Вчера општина Василево достави комплетна документација до Владата за финансиски средства за реализација проект, „Изградба на систем за фекална канализацоија во населено место Василево“.
Инфромацијата која ја пренесуваме во целост, преку својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, ја објави градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов.
„Нека е за убаво! До Министерството за локална самоуправа, општина Василево достави значаен проект за финансиска поддршка од Владата. Изградба на фекален канализационен систем во населено место Василево. Овој проект беше носечки во мојата предизборна програма. Во наредниот период ќе започне изградбата на краци од фекален канализационен систем и во Ангелци,Радичево и Пиперево согласно финансиските можности на општината. Како општина максимално се посветивме и ја доставивме целосната урбанистичко планска документација за поднесениот проект до Владата, сигурни сме дека поднесените проекти ќе бидат прифатени и секако реализирани. Голема благодарност до премиерот Hristijan Mickoski за оваа историска одлука, општините за прв пат добиваат вистински партнер во владата“.