Заедничка активност на граѓаните од Радичево и Дукатино со локалната власт

Жителите на населените места Радичево и Дукатино, заедно со  ЈПКД “Турија“, Василево а во соработка и координација на општина Василево, вчера во своите населени места  реализираа  активности од областа на комуналната сфера.
Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, кој следеше дел од активностите, конкретно расчистувањето од грмушки и вегетација на патот што ги поврзува двете населени места, преку својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, го потенцираше значењето на ваквите акции  каде особено важна е соработката на локалната заедница со институциите и нивната вклученост која несомнено дава најдобри резултати.
„Жителите на Дукатино и Радичево се сложни и организирани. Заедно сите со механизација од ЈПКД Турија организираа акција за решавање на повеќе проблеми што го мачеа месното население повеќе години. Жителите на Дукатино и Радичево покажаа дека заедно и во соработка со локалната самоуправа можат да решат повеќегодишни проблеми“, стои во информацијата на градоначалникот Андонов.

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail