На 20.09.2024 година (петок) Советот на општина Василево ја одржа редовната 43-та седница, на чиј дневен ред по дополнувањето со две точки, беа вкупно седум предлози. Четири од нив беа од областа на основното образование а останатите три Барања за финансиска помош од правни и физички и лица.
Советниците имаа усогласени ставови, па без дискусија и образложение беше усвоен Годишниот план за вработување на ООУ „Атанас Нивичански“, Нова Маала за 2025 г. и Дополнувањето на Годишната програма за работа на ООУ„Гоце Делчев“, Василево за 2024-25 година. Без дискусија беа усвоени и Барањата за согласност за формирање на паралелки со број на ученици помал од 20, поднесени од двете основни општински училишта „Гоце Делчев“, Василево и „Атанас Нивичански“, Нова Маала.
Останатите три точки од дневниот ред беа барања за финансиска помош и тоа за: организирање на турнирот во одбојка по повод празникот Мала Богородица во с. Сушево; за доградба на параклисот Св. Јован Крстител – Претеча на влезот во с. Василево како и едно барање поднесено од физичко лице. Сите тие добија позитивен одговор, односно им беа одобрени финансиски средства.