Идните возачи ќе ги добијат субвенциите за полагање возачки испит

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, вчера ги потпиша Решенијата за исплата на субвенции на идните млади возачи, за посетување на обука за полагање возачки испит за „Б“ категорија. Вкупно седум лица  кои ги исполнуваа условите од Правилникот за субвенционирање на млади лица од општина Василево за посетување на обуки за теоретски и практичен дел за полагање на возачка дозвола Б категорија, ќе добијат по половина од вкупниот износ за обука  и полагање на возачкиот испит.
Имено, на предлог на Градоначалникот, Советот на општина Василево донесе одлука за субвенционирање на 50% од износот за посетување на обуки за теоретски и практичен дел за полагање за возачка дозвола за Б категорија, согласно која ова право можеа да го искористат лицата кои до крајот на годината ќе наполнат 18 години.
Постапката заврши со потпишување на Решенијата  односно одобрување на Барањата на лицата кои ги исполнуваа условите.
„Денес ги потпишав Решенијата за исплата на субвенции за посетување на обуки за теоретски и практичен дел за полагање за возачка дозвола за Б категорија, во висина од 50% од износот кој се наплатува Парите во буџетот на Општина Василево се пари на граѓаните и затоа ние ги враќаме повторно кај граѓаните. Животниот стандард и достоинство на секој еден граѓанин е наш приоритет.  Од првиот ден, на мојот мандат ветив дека Општина Василево, ќе биде општина во која младите ја гледаат својата иднина. За прв пат, годинава, ја воведуваме оваа новина за поттикнување и помош на младите лица, за да полагаат за возачка дозвола“, напиша градоначалникот на општина Василево Славе Андонов на својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, по потпишувањето на решенијата за исплата на субвенциите на идните млади возачи.

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail