На 29.10.2024 година (вторник), со почеток во 19,00 часот, во просториите на Домот на културата во Василево, Советот на општина Василево ќе ја одржи редовната 44-та седница
За работа на седницата предложен е следниот дневен ред:
- Предлог-одлука за пренесување на право на сопственост на движна ствар – моторно возило камион (цистерна за чистење) на ЈПКД „Турија“, Василево;
- Предлог-одлука за пренесување на правото на трајно користење на основни средства на ЈПКД „Турија“, Василево;
- Давање согласност на Одлуката на Управниот одбор на ЈПКД „Турија“ Василево бр. 02-828/1 од 21.10.2024 година за задолжително вклучување на домаќинствата во организирано собирање на отпад во населено место Едрениково;
- Давање согласност на Одлуката на Управниот одбор на ЈПКД „Турија“ Василево бр.02-827/1 од 21.10.2024 година за утврдување на тарифа за снабдување со вода за пиење или водоснабдување на ЈПКД „Турија“, Василево за регулиран период 2024-2026 година кон АД „Струмичко поле“;
- Финансиски извештај за работењето на ЈПКД „Турија“, Василево за период 01.01.2024 до 30.09.2024 година, споредено со 01.01.2023 до 30.09.2023 година;
- Предлог-одлука за измена и дополнување на Одлуката за утврдување на висината на пазарната вредност на недвижниот имот на територијата на општина Василево;
- Годишен извештај за работата на ООУ„Гоце Делчев“, Василево за учебната 2023/24 година;
- Годишен извештај за работата на ООУ„Атанас Нивичански“, Нова Маала за учебната 2023/24 година;
- Предлог-решение за разрешување и именување на член на Училишниот одбор на ООУ„Гоце Делчев“, Василево;
- Предлог-програма за локален економски развој на подрачјето на општина Василево за 2025 година;
- Предлог-програма за реконструкција на детски градинки за 2025 година;
- Донесување на Одлука по барање за финансиски средства поднесено од Кик бокс клуб „К1 Арена“;
- Донесување на Одлука по барање за финансиски средства поднесено од Ленче Ефтимова од Пиперево
- Донесување на Одлука по барање за финансиски средства поднесено од Митко Ефтимов од Василево;
- Донесување на Одлука по барање за финансиски средства поднесено од Селвије Демова од Василево.
Дневен ред за 44-та седница, 29.10.2024