Со средства од Владата општина Василево ќе гради канализација во с. Василево

Вчера, градоначалникот на општина Василево,  Славе Андонов, го потпиша Договорот со Владата со кој за општина Василево обезбеди средства со кои ќе се гради канализација во населеното место Василево. Средствата се добиени врз основа на Јавниот повик распишан од Владата за доделување  пари на општините за реализација на инфраструктурни капитални проекти за развој на општините. По потпишувањето на Договорот, градоначалникот  Андонов информацијата ја сподели преку преку својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24.  „На овој голем празник Св.Петка, историски момент за населеното место Василево- секое домаќинство во Василево ќе добие прикучок на фекална канализација. Моето најголемо ветување, фекална канализација за цело Василево,станува реалност. Ветувањата ги реализираме и граѓаните го добиваат тоа што го заслужуваат. Денес во Владата на Република Македонија го потпишав договорот со кој се обезбедуваат средства за реализација на овој проект. Голема благодарност до премиерот Hristijan Mickoski за историски најголемата поддршка на општините од цела Македонија! Додека другите ги ветуваа ние ќе ги реализираме најголемите барања на граѓаните на општина Василево. За модерна општина Василево! Аирлија нека е!“, напиша градоначалникот Андонов.
Она што следува во наредниот период во насока на реализација на овој капитален проект е распишување на јавен повик за избор на изведувач по што ќе започнат и градежните работи на терен.

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail