Градоначалникот Андонов на средба со жителите на с. Ангелци

Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, синоќа во населеното место Ангелци, оствари средба со жителите од ова населено место, на која е разговарано за тековни потреби, проблеми и начини на нивно решавање.
Споделувајќи ја информацијата за средбата преку својот ФБ профил, Андонов ја најави и изградбата на крак од фекална канализација во ова населено место која треба да започне денес, а ги најави и планираните проекти за наредната година: асфалтирање на три улици како  и финансиска помош од општината за поставување на бекатон плочки на селските гробишта.
„Оддржавме средба со граѓани во населеното место Ангелци. На средбата презентирав убав проект кој ќе почне да се реализира од утре- изградбата на крак од фекалната канализациона мрежа за ова населено место. Ветив дека во Ангелци до крајот на мојот мандат ќе се асфалтираат три улици. Ангелци ќе добие финансиска подршка и при поставувањето на бекатон на селските гробишта. Низ дијалог со граѓаните ги решаваме децениските проблеми во општината. Општината е на граѓаните и таа секогаш мора да биде отворена за решавање на нивните проблеми и потреби“, стои во објавата на градоначалникот Андонов на неговиот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24.

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail