Во с.Градашорци, општина Василево се одржа манифестацијата Ден на празот

Вчера, во с. Градашорци, во дворот на црквата Св. Никола, се одржа манифестацијата Ден на празот. Бројни посетители од  државата и надвор од неа, уживаа во содржините на манифестацијата, која одамна е бренд на општина Василево.  Бројните специјалитети подготвени од вредните домаќинки преку кои се промовира градoшорскиот праз беа причина плус посетителите да си купат од богатата понуда на најубавиот праз  од локалните производители.
Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, како домаќин на манифестацијата ги поздрави присутните и ја нагласи важноста на оваа манифестација која е  бренд на општина Василево, за сплотеноста и заедништвото на народот.
Присутен на манифестацијата беше и премиерот Христијан Мицковски, министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски кој од името на МЗШВ вети поддршка на Манифестацијата и во наредните години.  Гости на манифестацијата беа и  пратеници,  градоначалници, стопанственици и други пријатели на општина Василево.
Во културно забавниот дел на манифестацијата со свои настапи учествуваа учениците од ООУ „Гоце Делчев“, Василево, КУД „Кирил и Методиј“ од Иловица како и Игор Димовски со пауза за ракија кои придонесоа за  убавата атмосфера и веселото расположение на присутните.
За атмосферата на Манифестацијата со статус на својот ФБ профил,  https://www.facebook.com/vasilevo24, се огласи и градоначалникот на општина Василево Славе Андонов: „Денот на празот” е најдобрата и најпосетена манифестација од овој вид!
Рекордот е срушен! Денес се одржа најпосетената манифестација „Денот на празот” во Градошорци. Со мојот тим покажавме дека општина Василево може да организира големи настани . Речено, сторено. Она што неколку години беше желба се претвори во реалност, ја вративме манифестацијата „Денот на празот” во полн сјај .  Општина Василево е горда, бидејќи има пријатели. Премиерот Hristijan Mickoski и министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Cvetan Tripunovski со своето присуство дадоа подршка на манифестацијата. Огромна благодарност до сите оние кои придонесоа за манифестацијата посебно за финансиската подршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Организациониот тим кој неуморно работеше за сето ова да се случи, вредните домаќинки и сите спонзори кои со својот придонес овозможија успешна реализација. Василево живее“, напиша Градоначалникот Андонов.
На манифестацијата беа доделени и признанија и награди за најуспешните производители на праз за 2024 година.  Ванчо Пандев, Блажо Илиев, Оливер Глигоров, Ванчо Илиев, Роберт Глигоров, Ахмет Демов, Јусуф Мустафов и Ерол Демов, сите од Градашорци беа најуспешните производители на праз оваа година на кои претседателот на Советот на општина Василево Ристо Делијанов им ги додели признанијата.

ÿÛ

ÿÛ

ÿÛ

 

 

 

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail