На 12-ти ноември (вторник) со почеток во 17,00 часот, во ресторанот Мис Стон во Василево, ќе се одржи првата форумска сесија во рамките на проектот „Зајакнаување на општинските совети – фаза 2. Општина Василево ги поканува граѓаните активно да се вклучат во форумските сесии и да учествуваат во изборот на проектите кои ќе бидат реализирани.
Во рамките на предвидените форумски сесии граѓаните ќе дискутираaт за проблеми кои ги засегаат и ќе нудат решенија од кои ќе произлезат проектни идеи/концепти за предлог проекти. Од овие идеи/концепти за предлог проекти учесниците на форумот ќе ги изберат оние кои ќе бидат реализирани од проектниот фонд. На последната сесија, граѓаните ќе бидат информирани за реализацијата на избраниот/избраните проект/и и за препораките. Темата за која ќе се подготвуваат проекти ќе ја изберат граѓаните на првата форумска сесија.
Програмата „Зајакнување на општинските совети – фаза 2“ ја финансираат Швајцарската влада и Министерството за локална самоуправа, а ја кофинансира и спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во соработка со национални и локални партнери.