Општина Василево гради фекална канализација во Ангелци

Општина Василево со средства обезбедени од сопствениот буџет започна со изградба на фекална канализација, Колектор К1,  во населеното место Ангелци. Должината на кракот согласно тендерската документација и Договорот со изведувачот изнесува 830 метри а Буџетот  4 423 820 денари.
Стартот на градежните  активности со видео обраќање преку неговиот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, го најави градоначалникот на општина Василево Славе Андонов.
„Продолжуваме со реализација на нашите ветувања Откако обезбедивме средства за изградба на фекална канализација во Василево,започнуваме со нов проект за изградба на фекална канализација во Ангелци . Ова е барање на граѓаните од Ангелци. Тие заслужуваат достоинствени услови за живот. Ако во четирите години пред моето доаѓање на функцијата градоначалник, немаше изградено ниту еден метар фекална канализација,во овие три години започнавме во три населени места и тоа Василево,Пиперево и деновиве во Ангелци.
Очекувам изградбата да заврши за релативно брз временски период и жителите од овој дел на Ангелци да можат да се приклучат. Ветувањата имаат тежина само ако ги реализираме
Ангелци добива нов крак од фекална канализација“стои во видео пораката на градоначалникот на општина Василево Славе Андонов.

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail