Општина Василево ја одржа првата форумска сесија во рамки на Проектниот форум

Синоќа, во малата сала на мотелот Мис Стон, општина Василево во  рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети-фаза 2“, ја одржа првата форумска сесија.  Ова е проектен форум каде на предвидените форумски сесии граѓаните ќе дискутираaт за проблеми кои ги засегаат и ќе нудат решенија од кои ќе произлезат проектни идеи/концепти за предлог проекти.
По воведното обраќање на градоначалникот кој вети безрезервна поддршка на целиот форумски процес, следуваше  презентација на форумските теми по што граѓаните одлучија приоритетна тема и област од која ќе биде дефиниран проектот што ќе се реализира да биде животната средина.
Во следните форумски сесии граѓаните ќе се одлучат и за конкретен проект. Буџетот за реализација на проектот е околу 50 000 долари.
Форумот се реализира во рамки на Програмата „Зајакнување на општинските совети – фаза 2“ финансирана од Швајцарската влада и Министерството за локална самоуправа, а ја кофинансира и спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во соработка со национални и локални партнери.
Следната форумска сесија е закажана за 26.11.2024 во Мис Стон, Василево.
Планирани се вкупно пет форумски сесии од кои последната, петата ќе биде по имплементацијата на проектот на која ќе бидат сумирани резултатите од целокупниот форумски процес.

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail