Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, вчера во населеното место Владевци, присуствуваше на собир во црквата „Успение на Пресвета Богородица“, кој се одржува секоја година по повод денот на осветувањето на овој православен храм.
„Црквата од секогаш била душата на нашиот народ, наше древно светилиште и духовна мајка на нашите предци. Нашиот народ од секогаш сакал да работи, да создава и да остава за следните поколенија. Денес присуствував на народен собир во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ – Владиевци , проследен со богата културно уметничка програма. Нашата вера и нашата црква, треба да си ги чуваме,треба да си ги негуваме“, напиша по тој повод градоначалникот Андонов на својот ФБ профил https://www.facebook.com/vasilevo24.