Општина Василево ја одржа Втората форумска сесија

Синоќа, во малата сала на мотелот Мис Стон, општина Василево во  рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети-фаза 2“, ја одржа Втората форумска сесија, на која граѓаните согласно усвоениот дневен ред ги проследија презентациите на четирити концепти произлезени од првата форумска сесија.
По дискусијата,  трите од четирите предложени концепти, односно:  „Училишни дворови по мерка на учениците“, „Сите ја одржуваме животната средина чиста“  и „Набавка на возило за собирање смет“ ја добија согласноста од граѓаните и за сите нив ќе бидат изготвени конкретни проекти, а еден од нив ќе биде реализиран со средства обезбедени од Програмата.
Следната, трета,  форумска сесија е закажана за 17.12.2024 година. Планирани се вкупно пет форумски сесии од кои последната, петата ќе биде по имплементацијата на проектот на која ќе бидат сумирани резултатите од целокупниот форумски процес. Буџетот за реализација на проектот кој ќе биде избран од граѓаните  е околу 50 000 долари.
Проектиот форум е во рамки на Програмата „Зајакнување на општинските совети – фаза 2“  која ја финансира Швајцарската влада и Министерството за локална самоуправа, а ја кофинансира и спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во соработка со национални и локални партнери.

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail