Општина Василево, во населеното место Василево ја асфалтираше улицата која води покрај Домот на културата. Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, кој на лице место ги следеше активностите, споделувајќи ја информацијата преку својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, напиша: „Прв пат после 30 години, се асфалтира патот покрај Културниот дом во Василево. На овој дел од Василево, претходно беше изградена фекална канализација,со што се пристапи кон системско решавање на инфраструктурата . Задоволството на моите сожители е најголема награда за сработеното. Овој локален пат е од витално значење за секојдневното живеење на граѓаните од Василево“
За изградбата на оваа улица чија должина изнесува 680 метри а ширина 5 метри средствата во висина од 5 134 040 денари се обезбедени од општинската каса. На сфалтирањето му претходеше поставување на систем за фекална канализација, кој според најавите на Градоначалникот набрзо ќе го има целото населено место Василево.
„Целото населеното место Василево ќе добие фекална канализација и асфалтирани улици. Централното подрачје на општина Василево, заслужува да има уредена инфраструктура. Ветеното го реализираме“, стои во ФБ објавата.