Активности во патната инфраструктура во подогражденскиот крај

По дождливиот викенд, општина Василево реализираше активности за оптимизирање на локалната патна инфраструктура во подогражденскиот крај, односно расчистување на наносите од земја и кал.
Според информацијата споделена од градоначалникот на општина Василево Славе Андонов преку неговиот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, од наносите предизвикани од врнежите чистена е главната улица во населеното место Чанаклија. Исто така извршено е и тампонирање на улицата која од Нова Маала води кон Чанаклија.
„Се изврши тампонирање на улица во Нова Маала која води кон Чанаклија а истата ја користат и земјоделците. Се извршија активности за рамнење на главната улица во Чанаклија од наносите од песок и земја“, стои во ФБ објавата на Андонов.
Овие активности се реализирани во соработка со ЈПКД „Турија“, Василево.

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail