Изградба на бетонски патеки во гробиштата во с. Василево

Општина Василево,  деновиве во населеното место Василево, врши  градежни активности на изградба на бетонски патеки во селските гробишта.
Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов,споделувајќи ја информацијата за оваа тековна активност, информираше дека изградбата на патките е долгогодишно барање на жителите. „Во тек се градежни активности за бетонирање на пристапни патеки во селските гробишта во Василево. Оваа е долгогодишно барање на граѓаните од населеното место Василево. Средствата за реализација на овој проект целосно се обезбедени од Буџетот на општина Василево“, стои во ФБ бјавата на градоначалникот Андонов, https://www.facebook.com/vasilevo24.
Според податоците од техничката документација активноста на изградба на патеките  опфаќа претходно уредување на теренот со чистење од вегетација, рамнење, тампонирање и валирање на подлогата, по што ќе бидат бетонирани патеките чија вкупна должина изнесува 380 метри или вкупна површина од 1460 м2.
Средствата за оваа активност, согласно Договорот со компанијата изведувач, која на распишаниот Јавен повик, достави најповолна понуда, изнесуваат 3 006 303 денари и истите општината ги обезбеди од сопствените извори на приходи.

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail