Седниците на Советот на општина Василево ќе се емитуваат во живо

„За прв пат седниците на Советот на општина Василево ќе се пренесуваат во живо. Општина Василево доби донација од УНДП, опрема за озвучување и снимање на салата на Советот на Општина Василево. Опремата се состои од: камери, микрофони, звучници, компјутер, миксета и др. во рамки на проектот ” Зајакнување на општинските совети”. Со оваа опрема ќе се овозможи пренесување на седниците на Советот во живо. Општина Василево неколку години по ред е една од најтранспарентните општини во Југоисточниот регион. Во таа насока е и поставувањето на опремата за озвучување и снимање на Советот“, “, напиша на својот Фб профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, најавувајќи им на граѓаните дека веќе од следната Седница на Советот наопштина Василево, која е во подготовка, граѓаните ќе можат директно од удобноста на својот дом во живо да ги следат Седниците и на најтранспарентен начин да се запознаат со работата на Советот и да се информираат за сите акти кои Советниците ги носат. Седниците ќе бидат пренесувани преку општински You tube канал.
Целокупната опрема е во функција на подобрување на отчетноста, транспарентноста и учеството на граѓаните во работата на општинските совети и истата е обезбедена во рамки на проектот „Зајакнување  на општинските совети – Фаза 2“.
Целта на проектот е да ја зголеми транспарентноста и отчетноста на локалната власт преку поддржување на општинските совети при вршење на нивната функција и истиот е партнерски проект на Швајцарската агенција за развој и соработка, Министерството за локална самоуправа и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail