Постојната електродистрибутивна линија која минува низ новата индустриската зона во КО Градошорци ќе биде дислоцирана – ова, денес, беше договорено на состанокот што се одржа во кабинетот на градоначалникот на општина Василево, г-дин Ванчо Стојанов, на кој освен домаќинот Стојанов учествуваа и претставници од ЕВН Струмица и бизнисмените – сопственици на градежните парцели.
„Денес во просториите на општина Василево беше одржан состанок со ЕВН Струмица, со бизнисмените односно оние кои имаат купено свои градежни парцели во новата индустриска зона во Василево. Преговорите беа во насока на дислокација на столбовите за снабдување со електрична енергија. Инвестицијата е околу 1 200 000 денари и ќе биде финансирана од стопанствениците-сопственици на парцелите, рече градоначалникот Стојанов во изјавата дадена за медиумите.
Според информацијата од градоначалникот Стојанов активностите за дислокација на столбовите треба да започнат во текот на наредната недела и целосно да бидат реализирани за околу два месеци со што ќе се створат услови за отпочнување на следните активности, планирани од страна на општината, односно изградба на 11 метри широка улица во самата зона за која е планиран буџет од околу 15 000 000 денари.
Со дислокацијата на постојната електрична линија истовремено за стопанствениците – сопственици на градежните парцели им се стварање услови стопанствениците-сопственици на парцелите се ствараат услови за рационално планирање и искористување на целокупниот градежните простор.