Локалната самоуправа од Василево денес асфалтираше улица во населеното место Радичево. Асфалтиран е дел од главната улица кој од центарот води кон горниот дел од селото. Вкупната должина е околу 220 метри или 800 м2. Освен вообичаените градежни активности кои се составен дел на секоја улица, односно рамнење, насипување, тампонирање, овде беше изведен и еден воден пропуст во должина од околу 30-тина метри, со што практично е решено премостувањето на селскиот порој за сите жители чии куќи се од другата страна на поројот. Како што изјави градоначалникот на општина Василево, г-дин Ванчо Стојанов, буџетот за асфалтирање на оваа улица, која е планирано со Програмата за изградба на локални патишта и улица, изнесува околу 900 000 денари и истите се обезбедени од општинскиот буџет.
Изведувач на работите беше градежната фирма „Жикол„, Струмица.