Денес, младите фудбалери на ФК Василево, со поддршка на општина Василево, заминаа за соседна Бугарија, каде ќе учествуваат на меѓународниот турнир за деца „Мини фудбалска магија“- Микрево 2015. Турнирот трае четири дена од 17 до 21 јуни. Од 17 до 19 јуни ќе се натпреваруваат децата родени 2005 година, а од 19 до 21 јуни децата родени 2002 година. Младите фудбалери на Василево, денес ќе ги одмерат силите со своите врсници од фудбалскиот клуб „Пирин“од Благоевград, а во текот на утрешниот ден имаат два натпревари и тоа по еден со врсниците од „Левски“ од Софија и од „Арис“ од Солун.
„Мини фудбалска магија“ е реномиран фудбалски турнир за деца, кој се одржува во, соседна Бугарија, во с. Микрево, општина Струмјани, на кој се натпреваруваат едни од најсилните фудбалски клубови на Балканот.