Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов за време на одбележувањето на големиот христијански празник Митровден ги посети црковните храмови во неколку населени места на општината, каде традиционално се подготвува славски ручек познат како Митровденски курбан.
„На Митровден со сограѓаните низ населените места на општина Василево. Како почитувач на верата и традицијата, денес, на големиот православен празник Св. Димитрие, меѓу народот познат како Митровден, со своите сограѓани во црквите во наслените места Василево, Сушево, Добрашинци, Градошорци и Ангелци, каде жителите го подготвуваа Митровденскиот ручек. Нека е честит и благословен овој ден,посветен на светиот великомаченик мироточивиот светиот Димитриј Солунски Чудотворец.
Нека е за многу години празникот Св.Димитриј“; стои во неговата ФБ објава , https://www.facebook.com/vasilevo24, дополнета со фотографии од посетата на храмовите и средбите со верниците.
Градоначалникот Славе Андонов на Митровден со сограѓаните


















