Општина Василево деновиве спроведува активности на пробивање и тампонирање на нов пат во индустриската зона во близина на населеното место Василево. Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов споделувајќи видео информација од активностите на терен, потенцира дека развојот на индустриските зони е приоритет на општината. „Индустриските зони остануваат наш врвен приоритет! Во индустриската зона, во непосредна близина на Василево, пробивме и тампонираме нов пат. Во овој дел ќе никнат нови индустриски капацитети и ќе се создадат можности за нови работни места. Општина Василево е една од ретките рурални општини во Македонија која има индустриски зони — вистинска основа за развој и инвестиции! Продолжуваме чекор по чекор да ја развиваме општина Василево“, стои во информацијата споделена од градоначалникот Андонов, https://www.facebook.com/reel/1170287614500333.
Истиот став околу индустриските зони и нивната улога во економскиот развој на општина Василево градоначалникот ја потенцираше и на вчера одржаната седница на Советот на општина Василево каде токму индустриските зони ги лоцира како сигурни извори на приходи на општина Василево, со сериозно влијание врз нејзиниот фискален капацитет, https://www.youtube.com/watch?v=t3dVQFCMT1Y.
Инфраструктурно уредување на индустриска зона во близина на Василево, се пробива нов пат



