Сертификати за квалитет и општествена одговорност за општина Василево

Здружението за истражување, анализа, стандардизација и сертификација ИАСС Скопје, на општина Вaсилево и издаде Уверение за стекнат Сертификат за квалитет IASS: QUA.C 2025 – 2027 и Уверение за стекнат Сертификат за општествена одговорност IASS: RES.C 2025:2027. Како што стои во овие документи  Сертификатите се потврда за општествената одговорност, грижата за вработените, грижата за околината, филантропијата, посветеноста за напредокот на заедницата, односот кон граѓаните и позитивниот пристап во соработката со сите партнери.

Овие сертификатите се потврда за континуираното и систематско  вложување  во работењето на општина Василево чија крајна цел е задоволни граѓани и подобри услови во сите сегменти на општинското живеење.

 

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail