Ученици од ООУ „Гоце Делчев“ во посета на општината

Градоначалникот на општина  Василево,  Славе Андонов беше домаќин на учениците од осмо и девето одделени од ООУ „Гоце Делчев“, Василево. Тие заедно со нивниот предметен наставник Наце Тушев  ја посетија  општината и практично, преку разговор со Градоначалникот се информираа за работата на Советот и Градоначалникот, надлежностите на општината и нејзиното функционирање. Посетата беше во рамки на наставната програма по предметот граѓанско  образование.
Впечатоците од средбата заедно со фотографии,  преку социјалните медиуми спопдели градоначалникот Андонов.
„Децата се нашата инспирација! Во посета на Општина Василево ни беа учениците од осмо и деветто одделение при ООУ „Гоце Делчев“ – Василево, заедно со нивниот наставник Nace Tushev . Во рамки на наставната програма по предметот Граѓанско образование, учениците се запознаа со работата на градоначалникот и Советот на општината. Беа подготвени со многу прашања, на кои секогаш со задоволство одговарам. Ваквите средби секогаш мотивираат и не потсетуваат на најважното – за нив ја правиме Општина Василево поубава“, стои во ФБ објавата на Градоначалникот.
Кабинетот на градоначалникот секогаш кога за тоа има потреба,  интерес или моменти посебни за споделување е отворен за учениците и нивните наставници.

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail